Белгија станува прибежиште за милионерите од Франција

Од:

Се повеќе богати Французи бараат нови државјанства со цел да ги избегнат последиците од неодамна изгласаниот закон во Франција со кој богатите ќе плаќаат данок од неверојатни 75 проценти на приход поголем од милион евра.

Затоа и најбогатиот Французин, Бернар Арно инаку сопственик на светски познатиот бренд Луј Витон поднесе барање за белгиско државјанство.

Сепак , како што јавија медиумите, тој бил одбиен од белгискиот Оддел за странци со образложение дека не ги исполнува условите, односно не живеел најмалку три години континуирано во Белгија.

Поради енормно високите даноци за богатите во Франција, актерот Жерард Депардје сака да стане Белгиец. Тиј веќе купи имот на само еден километар од француската граница во Белгија, а во меѓувреме го распродава својот имот во Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано