Белгија сака да ја прогласи саентолошката црква за криминална организација

Од:

Белгиското обвинителство побара саентолошката црква да биде прогласена за криминална организација.

Побарано е лидерите на оваа секта да бидат обвинети за изнудување, измама, кршење на законите за приватност и нелегално практикување медицина.

Белгискиот весник “De tijd” пишува дека судските покани се испратени на адресите на членовите на саентолошката црква.

Тужбите против саентолошката црква се произлезени од договорите за работа подготвени поради ангажирање волонтери и членови, со што наводно се повредени белгиските закони за вработување.

Во Белгија и во неколку други земји, саентологијата не е признаена како религија.

Во текот на 2008 година. белгиската Агенција за вработување се пожали на одреден број на договори во работата поради што е поведена истрага.

Судијата нареди претрес на локациите во сопственост на саентолошката црква на кои полицијата заплени голема количина на докази дека организацијата шпионирала и изнудувала пари од своите членови.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски