ВИДЕО: Белгија повторно погодена од силно невреме – поплавени улици, куќи и возила

Од:

Белгија повторно беше погодена од силно невреме што предизвика штети, само десет дена по поплавите во кои загинаа 36 лица, јавија утринава западните агенции.

Поплавата во градот Динанту носеше возила, блокирајќи го железничкиот премин, јавија белгиските медиуми, повикувајќи се на железничката компанија Инфрабел.

Железничкиот сообраќај на почетокот на месецов беше блокиран токму поради поплавите.

Поплави има и во градот Намур, јави мрежата РТБФ. Во овој главен град на Валонија, еден ѕид се урна врз тротоар во близина на казино, и неколку куќи мораа да бидат евакуирани.

Невремето погоди и други градови низ Белгија, јави агенцијата Белга.

Свлечишта се регистрирани во провинцијата Валон Брабант, а во провинцијата Антверпен на северот на земјата, спасувачките служби добиле повеќе повици за помош. Во овој регион, куќите се поплавени, а една куќа беше погодена од гром.

Засега нема достапни информации за можни смртни случаи или повреди во невремето.

Белгија до петокот имаше регистрирано 36 смртни случаи од претходните поплави, а седум лица се уште се водат за исчезнати.

На социјалните мрежи се шират снимки од поројните улици, што потсетуваат на сцените од пред десет дена во провинцијата Лиеж.

Портпаролот на службата за кризни ситуации, Антоан Исе, изјави дека „ситуацијата на никаков начин не може да се спореди со поплавите од 14 и 15 јули“, бидејќи вчерашните врнежи не предизвикаа излевање на реките. Но, додаде тој, материјалната штета е голема затоа што се поплавени подруми, станови и возила.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски