Белгиската Влада обезбедува дополнителни 40 милиони евра за борба против тероризмот, изјави премиерот Шарл Мишел.
Десет отсто од тие средства ќе бидат насочени кон заштита на еврејската заедница и еврејските објекти во земјата.
Премиерот прецизираше дека од посочените средства ќе бидат набавени дополнителни технички можности, како и повеќе персонал за службите.
Мишел разговарал со европскиот координатор по прашањата за борба против тероризмот Жил де Керков.
Експертот инсистирал државите од ЕУ да ја зајакнат соработката со земјите од јужниот Медитеран, особено со Тунис и Мароко.