Белгија минатата година доброволно ја напуштиле над 4.000 мигранти

Од:

 Над 4.000 мигранти во Белгија минатата година прифатиле доброволно да се вратат во нивните татковини, информира државниот секретар за азил и миграција, Тео Франкен.

Во Белгија во 2015 година пристигнале вкупно 35.476 азиланти. За првите пет месеци од оваа година доброволно назад се вратиле 2.050 лица, од кои половината се Ирачани, јави БТА.

Федералната агенција за азил ги отвори канцелариите низ цела земја, каде на мигрантите им се даваат објаснувања како можат да се вратат назад, во нивните татковини.

Франкен, пред еден месец, информира дека Белгија презема чекори за враќање на азилантите од Авганистан. На Авганистанците им се даваат две можности – доброволно да се вратат во нивната татковина и за тоа да добијат материјална помош, или да бидат протерани од Белгија. Доколку прифатат да бидат вратени, тие се транспортираат до Кабул, Херат или Џелалабад. Таму за нив се обезбедува привремено засолниште, како и можност за професионална обука.
Белгија еднократно им дава по 2.200 евра за да си набават материјали за работа и да почнат мал бизнис.
Во јуни 4.500 Авганистанци во Белгија добиле писмен предлог доброволно да се вратат во нивната татковина. Претходно, белгиските власти преземаа кампања за враќање на ирачките азиланти, како и за разубедување на оние кои уште се во Ирак, но мислат да тргнат на неизвесниот пат за ЕУ.
Пред еден месец Франкен информира дека намерата за распределување на бегалците низ цела Белгија, што доби силен отпор од многу општини, нема да биде спроведена заради тоа што веќе не е актуелна и неопходна. Тој прецизира дека во мај годинава во земјата е регистриран најголемиот пад на новодојдени азиланти од 2008 година до сега, пред се, благодарение на затворањето на западнобалканската мигрантска маршрута.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски