Белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен најави дека мигрантите кои не потекнуваат до ЕУ, а кои сакаат да престојуваат повеќе од три месеци во Белгија, ќе мора да потпишат изјава со која ги прифаќаат локалните вредности. Во спротивно, нивното барање за дозвола за престој ќе биде одбиено.
Според локални медиуми, се очекува белгискиот парламент во следните месеци да го усвои предлогот за воведување „изјава на мигранти и бегалци“ според план подготвен од државниот секретар Франкен.
Во изјавата потписниците ќе мора да се обврзат и дека ќе спречат и пријават каков било обид за терористички чин.