Белгија ќе обезбеди илјада хуманитарни визи за мигранти

Од:

За оваа година Белгија  обезбедила над 1.000 хуманитарни визи за кандидати за азил, јави БТА.

Според локални медиуми во 2014 година бројот на издадените такви документи бил околу 100 и сега таа бројка е зголемена за десет пати. Во споредба со лани, регистрирано е зголемување од 25 отсто.

Хуманитарните визи им обебзедуваат на мигрантите по законски пат да дојдат во Белгија за да бидат кандидати за статус под заштита.

Во оваа година најголем дел од таквите документи ги добиле Сиријци (64 отсто). Белгија издава претежно визи за краток престој (725 лани) и само 124 мигранти добиле право да останат во државата на долг рок. Според медиумите, 87 отсто од молбите за краткорочни визи и 29 отсто од барањата за долг период биле одобрени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски