Белгија избрана за оперативно седиште за кибер безбедност на ЕСА

Од:

Министерскиот совет на Европската вселенска агенција (ЕСА) денеска го избра градот Реди во Белгија за свое седиште каде ќе се наоѓа главниот оперативен центар во областа на кибер безбедноста.

Белгискиот центар на Агенцијата ќе биде задолжен за заштита на сите вселенски активности и инфраструктури на ЕСА.

За тоа Белгија ќе инвестира 14 милиони евра, додека извршното тело на Агенцијата вети дополнителни десет милиони евра за да се комплетира буџетот на центарот.

– Финансиската поддршка што ја понуди Белгија несомнено одигра одлучувачка улога за центарот за кибер безбедност да биде во Реди, во регионот каде активностите на агенција веќе претставуваат 250 директни работни места, изјави Давид Кларенвал, белгискиот министер за научна политика.

Владата на Белгија очекува со имплементирањето на центарот да се отворат дополнителни работни места во областа на науката и индустријата. Близу Реди веќе се наоѓа станицата ЕСТРАК, која ги контролира сателитите на ЕСА.

– Инсталациите и персоналот кои се наоѓаат таму веќе имаа одлична репутација, отворањето на центарот за кибер безбедност само ќе ја зајакне важноста на нивната работа и меѓународното признание на улогата што ја игра Белгија во вселенското освојување, што е област од врвна важност, додаде Кларенвал.

Вселенските активности се сѐ почесто цел на кибер напади што претставува закана за секојдневието на граѓаните, бидејќи денес бројни апликации, смартфони, сателитски системи зависат од операциите на ЕСА, а со развојот на новите технологии, дроновите, автономните возила и конектираните предмети, улогата на оперативниот центар за кибер безбедност ќе биде сѐ поклучна.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски