Белгија испраќа шест авиони за воздушни операции против ИД во Ирак

Од:

Белгиската Влада донесе одлука земјата да се вклули кон меѓународните воздушни операции против групата Исламска држава во Ирак.

Белгија за таа цел во мисијата ќе испрати шест борбени авиони Ф-16.

Министерството за одбрана на Белгија нагласи дека станува збор само за воздушни напади врз позиции на групата во Ирак, за кои земјата е подготвена да испрати авиони во составот на меѓународната коалција формирана од САД.

Белгија ќе испрати и максимум 150 лица технички персонал и пилоти. Финансирањето ќе биде од сметката на Белгија.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on