Белгија го одбележува Денот на независноста

Од:

Денот на независноста на Белгија денеска наместо вообичаените воени паради ќе се одбележи со оддавање почит на жртвите од Ковид-19 и на здравствените работници, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откажани се сите вообичаени прослави, вклучително и популарниот „бал“ на плоштадите, огнометите и забавите околу кралската палата во Брисел.

Комеморацијата започна утрово во десет часот со едноминутно молчење за сите жртви на коронавирусот, кој досега однесе над девет илјади животи во Белгија.

Кралот Филип Втори ќе се обрати попладнево пред двесте луѓе, за разлика од вообичаените две илјади гости.

Наместо традиционалната воена парада, предвидено е мало дефиле на неколку историски возила од Бригадата Пирон која учествувала во ослободувањето на Белгија во Втората светска војна, со што ќе се одбележи истовремено 75-годишнината од крајот на оваа војна во Европа. Кралското семејство предвиде оваа година „хероите“ на дефилето да бидат тројца поранешни борци и тројца здравствени работници, што треба да биде „симбол на интергенерациската размена“ меѓу „воените и современите херои“, пишуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски