Одговорни претставници на Амбасадата на Белгија во Анкара ги демантираа информациите дека по терористичките напади во Брисел, Белгија ги затворила своите дипломатски претставништва во Турција, соопшти весникот „Милиет“.
Според информациите, се тврдеше дека привремено е прекината работата на Амбасадата и Генералниот конзулат, односно прекинато е издавањето на визи и откажани се средбите.