Белгија членка на Советот за безбедност на ОН до 2021

Од:

Белгија ќе биде дел од земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации од денеска и во следните две години, јави дописничката на МИА од Брисел.

На постојаните земји членки на СБ на ОН (САД, Русија, Франција, Кина, Франција и Обединетото Кралство), секои две години им се придружуваат неколку земји. Покрај Белгија времен мандат и право на вето од денеска добиваат и Германија, Јужна Африка, Доминиканската република и Индонезија.

Советот за безбедност на ОН функционира со ротирачко претседателство кое и дава право на земјата да отвора дебати врз основа на еден од нејзините приоритети или врз основа на резолуција. Белгија ова претседателство ќе го преземе од февруари 2020.

Приоритетите на белгиската дипломатија ќе бидат превенција на конфликти, заштита на цивилите во воените конфликти и борба против неказнивоста, соопшти белгиското МНР.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети