Белгија бара забрана за несуштинските патувања на ниво на цела ЕУ

Од:

Премиерот на Белгија, Александер де Кро вели дека вечерва на состанокот на лидерите на ЕУ ќе предложи забрана за патувања што не се од суштинско значење, на ниво на цела ЕУ.

– Ќе побарам да се најде европско решение што ќе вклучува целно и привремено прекинување на сите несуштински патувања, рече Де Кро.

Александар де Крој вели дека веќе е во контакт со некои лидери на ЕУ за поддршка на оваа идеја.

Тој вели дека ова не е целосно „затворање на границата“ и дека тие мора да останат отворени за превоз на стоки и прекугранични работници.

Барањето на белгиските власти доаѓа пред пролетниот распуст во Белгија и таканаречените „карневалски празници“ во Западна Европа.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски