Белфаст: Евакуација поради бомба

Од:

Неколку домаќинства се евакуирани денеска во Белфаст откако полицијата открила бомба поставена под автомобилот на еден полицаец, соопшти полицијата на Северна Ирска.

Помошник началникот на полицијата на Северна Ирска Џорџ Хамилтон, изјави дека “за среќа, бомбата била откриена пред да експлодира и никој не погина или е сериозно повреден.”

“Првичната истрага покажува дека бомбата поставена под полициско возило можела да експлодира во било кое време во рок од најмалку 48 часа”, изјави Хамилтон.

“Оние кои напаѓаат полицајци, ја поткопуваат не само волјата на ирскиот народ кој веќе долго време го отфрли насилството, туку и желбата за нов почеток во обезбедување на северот, кој го делат повеќето граѓани”, додаде тој.

Најмалку 3.500 илјади луѓепогинаа во текот на три деценискиот конфликт меѓу северноирските протестанти кои сакаат да продолжи единството со Велика Британија и католиците кои сакаат обединета Ирска, пренесе АФП.

Мировниот договор од 1998 година. делумно стави крај на конфликтот, но повремените немири и заканите со бомбашки напади продолжија, поради несогласувањата меѓу струите кои ја делат власта во Белфаст – на католичките и протестантските партии.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден