„Белата вдовица“ се крие во одалечени реони на Сомалија

Од:

Британската терористка Саманта Лутвеит, позната како „Белата вдовица“ се крие во оддалечените реони на Сомалија, заедно со други членови на терористичката група Ал Шабаб.

Весниците во Лондон пишуваат дека одметната Британка, по која има меѓународна потерница, самата ја откри својата локација, откако на Твитер напиша дека патува кон еден град во Сомалија, кој е далеку на периферијата од оваа просторна, но ретко населена земја на Рогот од Африка.

На социјалната мрежа, Лутвеит напишала дека се загубила низ пустите и празни реони на земјата, движејќи се кон планинсиот масив Галагала. Локацијата што таа ја има опишано се наоѓа близу до градот Бари.

Лутвеит е по четврти пат мажена за еден од водачите на терористочката група Ал Шабаб. Во Кенија таа и порано беше на потерничка листа, а сега Лутвеит се бара за учество во тарористичкиот напад во Најроби, кога во масакрот во модерниот трговски центар во кенискиот главен град, беа убиени повеќе од 60 луѓе,меѓу кои и деца,како и дваесетина странски државјани.

Групата Ал Шабаб, која е поврзана со мрежата на Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот, тврдејќи дека тој е изведен како знак на одмазда за учеството на кениските трупи во операциите против исламистичките терористи во Сомалија.

Саманта Лутвеит (29) е поранешна сопруга и вдовица на Џермеин Линдзи, еден од четворицата бомбаши самоубијци кои на 7 јули 2005 извршија терористички напади врз лондонската подземна железница и еден градски автобус, убивајќи 52 лица.Од бракот со Линдзи, Британец од Јамајка кој преминал во исламската религија, таа има едно дете, но во низата бракови со повеќемина мажи, се верува дека таа е мајка на четири мали деца.

Лутвеит која уште во Велика Британија премина во ислмот и се облекуваше во традиционалните муслимански облеки, оставјаќи го откриено само лицето, на својата интернет страница има напишано дека „стравот може да предизвика (човек) да направи разни работи“.

 

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска