Белата куќа потврди дека САД ќе го „преземат“ Гренланд: „Не е важно што европските војници се таму“

Од:

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека претседателот Трамп јасно ставил до знаење дека сака САД да го „преземат“ Гренланд, додавајќи дека испраќањето европски сили во областа нема да влијае на неговата одлука.

Левит рече дека разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, и државниот секретар Марко Рубио биле „продуктивни“.

„Беше добар состанок. Двете страни се согласија да формираат работна група за продолжување на техничките дискусии за стекнување на Гренланд“, рече Ливит.

Таа додаде дека тие дискусии треба да се одржуваат на секои две до три недели.

„Ова е разговор што администрацијата има намера да го продолжи со Данците и со делегацијата на Гренланд“, рече таа.

„Но, претседателот го стави својот приоритет многу јасно. Тој сака САД да го преземат Гренланд затоа што верува дека тоа е најдоброто решение за национална безбедност“.

Левит нагласи дека испраќањето европски сили во Гренланд нема да го промени ставот на Трамп за преземање на таа територија.

Претходно беше објавено дека сили од Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија, Норвешка и Шведска се упатуваат кон Гренланд. Данска изјави дека операцијата ќе „ја зајакне нашата способност за дејствување во областа“, додека Трамп претходно тврдеше дека само контролата на САД може да ја заштити арктичката територија од Русија и Кина.

Часови пред коментарите на Ливит, министрите за надворешни работи на Гренланд и Данска разговараа со Венс и Рубио, но по состанокот тие изјавија дека сè уште постои „фундаментално несогласување“ околу иднината на данската територија.

Би можело да ве интересира

Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски