Бела куќа: Бајден на колоноскопски преглед, претседателските овластувања кусо ќе ги презе Камала Харис

Од:

Белата куќа денеска соопшти дека претседател Џо Бајден ќе биде подложен на рутински колоноскопски преглед и своите претседателски овластувања привремено ќе и ги пренесе на потпретседателката Камала Харис.

Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој утре ќе наполни 79 години, ќе бидат објавени подоцна денеска, соопшти Белата куќа.

„Претседателот ќе биде подложен на рутинска колоноскопија во Медицинскиот центар ’Волтер Рид’, во близина на Вашингтон“, се додава во соопштението на Белата куќа.

„Како што тоа веќе беше случај кога претседателот Џорџ Буш во два наврата беше подложен на истата процедура, во 2002 и 2007 година, а во согласност со уставната процедура, претседателот Бајден ќе ги пренесе своите овластувања на потпретседателката во еден краток период, додека се наоѓа под анестезија. ” .

Бајден како 78-годишник стана најстариот американски претседател во историјата.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија