Бејрут: Гневните граѓани бараат одговори за трагедијата, билансот на жртви се искачи на 137

Од:

Жителите на либанскиот главен град Бејрут изразуваат револт против, како што велат, небрежноста што довела до катастрофалната експлозија во градското пристаниште во вторникот, при што според последниот биланс загинаа 137 луѓе, 5.000 се повредени, а над 300.000 останаа без покрив над глава. Десетици луѓе и натаму се водат како исчезнати.

Претседателот Мишел Аун веднаш по експлозијата рече дека таа е предизвикана од околу 2.750 тони амониум нитрат, хемикалија која се користи за изработка на експлозив, а која била чувана во магазин во пристаништето. Многумина ги обвинуваат властите за корупција, небрежност и лошо управување.

Вчера во Либан стапи во сила двонеделна вонредна состојба.

„Бејрут плаче, Бејрут вреска, луѓето се хистерични и изморени“, изјави режисерот Жид Шехаб за „Би-Би-Си“, повикувајќи луѓето одговорни за трагедијата да се соочат со правдата.

Шадија Елмуши Нун, која беше повредена во експлозијата и се наоѓа во болница, вели:

„Цело време знаев дека нè водат неспособни луѓе, неспособна влада… но, да ви кажам нешто: тоа што сега го направија е апсолутен криминал“.

Вчера, владата соопшти дека одреден број официјални лица во пристаништето биле ставени во куќен притвор, во очекување на владината истрага за експлозијата.

Врховниот одбранбен совет на Либан нагласи дека оние за кои ќе се утврди дека се одговорни за катастрофата, ќе се соочат со „максимална казна“.

Во меѓувреме, Амнести интернешнал и Хјуман рајст воч повикаа да се спроведе независна истрага за експлозијата. Во изјава, Хјуман рајтс воч напиша дека „има сериозна загриженост околу можноста либанското правосудство самостојно да спроведе веродостојна и транспарентна истрага“.

Би можело да ве интересира

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Осум лица загинаа во израелскиот напад на југот на Бејрут

Остин: САД не виделе докази дека има бункер под болницата во јужен Бејрут

ИДФ: Во Бејрут погодени се локации за производство и складирање оружје на Хезболах

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски