Бегалците од Сирија и Ирак ја напуштаат Франција

Од:

Од пред две недели, во Франција пристигнаа само 600 Сиријци и Ирачани од предвидените 30.000 колку што сe ангажира да прифати Париз, но тие започнуваат да ја напуштаат земјата, јавува дописникот на МИА од Париз.

Припадници на ОФПРА – службата за заштита на бегалците и апатридите и на службата за имиграција и интеграција, заминаа пред две недели во Германија, во Минхен за да прифатат околу илјада бегалци, со цел да и олеснат на Германија, како што се ангажира Франсоа Оланд.

Во Франција официјално пристигнаа само околу 600 лица, кои можат да добијат право на азил. Тие беа сместени во различните центри за  барателите на азил во парискиот регион, но како што јавија повеќе француски медиуми, тие започнаа да ја напуштаат Франција.

Првата причина е долгата административна процедура за да се добие азил и право за престој – во просек околу  девет месеци. За многумина тешката администрација е кочница за бегалците.

Во Бонеле, еден од трите центри за бегалците од пренесени од Минхен, 18 од 78 бегалци веќе се вратија во Германија, која економски е поатрактивна.

„Франција е добро да се посети, но не и за работа“ – вели Абдлрахман Алшехаги, 26-годишен Сирииец.

Некои се вратија во Германија за да си ги најдат семејствата или блиските кои останаа таму. Меѓу нив има школувани кадри, кои имаат контакти во универзитетите. Интересно е дека Франција која имаше мандат да раководи со Сирија од 1920 до 1946 година, нема голема сириска заедница.

Иако владата се ангажира да прифати бегалци, како и градовите (не сите), а имаше и волонтери семејства, најчесто барателите на азил се сместени во специфични структури, но најголемиот број од бегалците се наоѓаат сместени и оставени самите на себе си во диви населби или напуштени згради во тешки хигиенски услови. Последните евакуации на камповите во Париз, каде имаше околу 800 бегалци, се потврда на тоа. За потенцијалните баратели на азил, „Франција не е земја која прифаќа“.

Бројките тоа го потврдуваат, бидејќи во 2014 година, во Франција беа поднесени  64000 нови барања за азил, додека во Германија бројката е десет пати поголема.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили

Голема потера во Франција по избегани криминалци

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа