Баросо: Преговорите во Милано за решавање на украинската криза беа успешни

Од:

Преговорите за решавање на кризата во Украина, кои се одржаа за време на средбата на врвот Азија-Европа во Милано, беа успешни, изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Тој истакна дека сите учесници во преговорите, меѓу кои претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, изразиле неопходност за мирно решавање на украинската криза.

Претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј нагласи дека ЕУ е подготвена да и овозможи дополнителна помош на Украина за набљудување на нејзината граница со Русија. Според него, гарантирањето безбедност на границата е еден од клучните фактори за решавање на конфликтот.

Ван Ромпуј, исто така, додаде дека Путин го уверил оти Русија не е заинтересирана во Украина да се создаде ново Придњестровје.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна