Барние: ЕУ нема да бара „цврста“ граница меѓу Ирска и Северна Ирска

Од:

Шефот на преговарачкиот тим на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние денеска во Даблин изјави дека Брисел ќе настојува да се спречи создавање „цврста“ граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска, откако Велика Британија ќе ја напушти Унијата.

Барние се обрати на заедничка седница на двата дома на ирскиот Парламент, како прв странец кој ја имал таа можност, а кој не е шеф на на странска држава или влада.

– Морам пред вас да ја говорам вистината и да ви кажам дека излегувањето на Британија од ЕУ ќе остави зад себе разни последици, рече Барние.

Тој нагласи дека Брисел ќе се залага Северот и Југот на ирскиот остров да не бидат цврсто одделен, како што тоа беше во минатото и пред постигнувањето на Мировниот договор од април 1998 година, но потврди дека по Брегзит одново ќе има граница на која ќе се врши царинска контрола.

Даблин и Лондон претходно објавија дека не сакаат да се врати постоењето на царински испостави на нивната граница на острвот, иако тоа изгледа неостварливо, доколку британската Влада опстои на својата сегашна позиција дека излегувањето од ЕУ значи и напуштање на заедничкиот пазар и на царинската унија.

Владата на Ирска не ја крие својата загриженост за политичката и безбедносната состојба во Северна Ирска по Брегзит, каде големо мнозинство гласачи се определија за останување на Велика Британија во Унијата.

Загриженоста доаѓа од можноста дисиденти на некогашна ИРА да го искористи Брегзит за обнова на насилствто.

– Што и да се случи во текот на преговорите со Лондон, нема да се дозволи да загрозување на мирот, порача Барние пред членовите на двата дома на Парламентот на Ирска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина