Барле – гратче во коешто за секого важат различи правила околу корона-кризата

Од:

Мерките против ширењето на коронавирусот создадоа необична ситуација во познатото гратче Барле коешто е поделено со холандско-белгиската граница.

Имено, на самата гранична линија, се наоѓа улица каде што една линија се наоѓа во Белгија, а спротивната во Холандија.

Со децении, ова не претставуваше ништо невообиичаено, но сега, поради построгите мерки за ограничување на движењето во Белгија, нејзините граѓани сега можат да одат до продавниците за храна и лекови на холандска територија, а пак, Холанѓаните можат да одат и во бутик, патничка агенција, или на оптичар во својата земја.

– Тоа се сѐ холандски трговски претпријатија, но да беа во Белгија, ќе беа затворени во ова време на коронавирус. Живеам на 50 метра одовде и минувам оттука, но не смеам да влезам во ниедна продавница оти сум Белгиец, изјави Франк де Бонт, началник на белгиската општина Барле-Хертог.

Старото гратче Барле-Носау се наоѓа во Холандија, но тоа опфаќа и 26 белгиски енклави коишто ја чинат општината Барле-Хертог, а меѓу самите нив има уште осум помали холандски енклави кои ѝ припаѓаат на Барле-Носау. Де Бонт објаснува дека оваа невообичаена географска разместеност влече корени од феудалното уредување и поделба на земјиштето пред 1.000 години, па така и останало.

– Досега тоа беше доста вообичаено… Имаше и напори да се воспостават регуларни граници, дури и по Првата светска војна, но не вродија со плод.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град