Барак Обама во вторник заминува во посета на Саудиска Арабија

Од:

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест објави дека претседателот Барак Обама и првата дама Мишел Обама ќе заминат во вторник за Ријад и ќе се сретнат со новиот саудиски крал Салман Абдул Азиз ал Сауд.

Претходно беше соопштено дека американската делегација во посета на Саудиска Арабија со цел да изрази сочувство за смртта на кралот Абдула, ќе биде предводена од потпретседателот Џо Бајден.

Денеска Ернест објави дека Белата куќа ги променила плановите, откако заминувањето на Бајден се совпаднало со заминувањето на Обама од Индија, каде утре ќе пристигне на официјална посета.

Бајден нема да се придружи на американскиот претседател во посетата на Саудиска Арабија и ќе остане во Вашингтон.

Кралот Абдула почина вчера вечер во 01.00 часот по локално време, во болницата во Ријад, каде се наоѓаше на лекување десетина дена поради инфекција на белите дробови.

На саудискиот престол тој беше од 2005 година, иако десет години претходно Абдула ги извршуваше сите кралски должности и практично управуваше со земјата, откако неговиот претходник кралот Фахд претрпе мозочен удар и остна изнемоштен и главно врзан за постела.

Новиот крал Салман е брат на починатиот Абдула, а тие двајцата, како и новиот престолонаследник крунскиот принц Мукрин, се деца на основачот на современа Саудиска Арабија, кралот Абдулазис Ибн Сауд.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ