Барак Обама пристигна во Јужна Африка

Од:

Американскиот претседател Барак Обама синоќа пристигна во Јужна Африка, втора од трите држави кои ќе ги посети за време на африканската турнеја.

Обама во Преторија пристигна заедно со сопругата Мишел и двете ќерки, а на аеродромот беше пречекан од високи политички претставници на Јужна Африка.

За време на посетата Обама ќе се сретне со јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, а ќе го посети и Совето, местотот од каде почна борбата против апартхејдот. Тој ќе го посети и островот Робен, каде Нелсон Мандела помина поголем дел од заточеништвото долго 27 години.

Обама по Јужна Африка турнејата ја завршува со посета на Танзанија.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД