Барак Обама и изрази индиректна поддршка на Хилари Клинтон

Од:

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека очекува да настапи време кога децата ќе се воодушевени да научат дека имало време кога жените заработувале помалку од мажите и кога жена не била претседател на САД.

Обама овој свој став го искажа на церемонијата на која некогашното седиште на Националната партија на жените беше прогласено за национален споменик.

Како што јавија американските медиуми, веројатно чувствувајќи дека неговите зборови ќе  бидат протолкувани како инсинуација дека ја поддржал Клинтон, Обама додаде дека „не знае кога ќе дојде денот кога претседателската функција ќе биде заземена од жена“.

– Кога ќе дојде тој ден тоа ќе се должи на работата на поколенија активни и општествено ангажирани граѓани, потенцира претседателот Обама.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, истакна дека изјавата на Обама значи дека САД се подготвени да бидат управувани од жена претседател. Тој, меѓутоа, нагласи дека кандидатите ќе бидат оценувани според својата политичка програма и морални квалитети.

Клинтон се бори против сенаторот Берни Сандерс за освојување на номинацијата претседателски кандидат на Демократската партија. Во 2008 година таа загуби на првичните избори токму од Обама, но подоцна тој ја назначи за државен секретар.

Актуелниот американски претседател ја задржа својата популарност меѓу избирачите на Демократската партија и неговата поддршка, според аналиитчарите, би и помогнала на Клинтон да ги освои првичните избори.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас