На жителите на Германија им се заканува нов недостиг. Овој пат не се работи за храна или други производи, туку пари, поконкретно готовина.
Во Германија се повеќе банкомати се на удар на разбојници. Објавено е дека во текот на 2022 година во оваа земја, статистички гледано, секој ден по еден банкомат бил цел на напад на разбојници. Според информациите од полициската управа, повеќе од 390 експлозии се случиле на банкомати низ цела Германија во 2021 година.
Во зависност од банкоматот, а за да украдат од 50.000 до 100.000 евра, сторителите користеле силен експлозив. И затоа првите банки сега ги затвораат вратите навечер – на многу места Комерцбанка веќе не им нуди на клиентите пристап до филијали и банкомати меѓу 23:00 и 6:00 часот.
Шпаркасе банка веќе ги затвори своите банкомати во областа Минхен поради голем проблем со експлозија. Луѓето на кои итно им треба готовина често повлекуваат пари на бензински пумпи или супермаркети. Сепак, среде ноќ, веројатно веќе нема да биде возможна ниту оваа опција.
Во тој случај ќе мора да користат банкомати лоцирани на прометни улици или големи трговски синџири. Тие обично плаќаат прилично висока провизија. Банките исто така одлучија да отстранат илјадници банкомати низ Германија. Бундесбанката изрази загриженост за тоа како луѓето ќе бидат снабдени со готовина.
Германските медиуми јавуваат дека владата се заканува да донесе закон за банкомати, со цел сите граѓани да имаат пристап до пари. Конкретно во руралните средини, филијалите на банките Шпаркасе и Фолксбанк воведуваат работно време, што значи дека повеќе не можете да подигате пари од банкомати помеѓу 23:00 и 06:00 часот. Одговорните не гледаат проблем со намаленото работно време бидејќи сметаат дека и онака ноќе би се подигнало малку кеш.