Меѓународна компјутерска криминална група е одговорна за големиот кибер напад врз ирскиот оператор на здравствени услуги. Тоа го изјави денеска ирскиот министер задолжен за е-влада Осијан Смит.
Нападот ги погоди дијагностичките служби, со што беа откажани состаноци.
– Ова не е шпионажа. Тоа беше меѓународен напад, но тоа е само криминална кибер банда која бара пари, изјави Смит за националната телевизија РТЕ.
Тој додаде дека не е во можност да ги сподели со јавноста сите информации со кои располага.