Бан Ки Мун во Сочи и за Косово

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денес ќе ја посети Русија, при што ќе се сретне со претседателот Владимир Путин и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, а една од темите за разговор ќе биде и развојот на ситуацијата на Косово.

Бан Ки Мун во попладневните часови ќе пристигне во Москва, а наутро ќе го продолжи патот за Сочи, каде што го очекуваат руски официјални лица, најавија руските медиуми, наведувајќи ја изјавата на портпаролот на Путин, Димитриј Песков дека станува збор за шеста официјална посета на генералниот секретар на ОН.

Од руското Министерство за надворешни работи најавија дека Лавров и Мун ќе разговараат за актуелните меѓународни проблеми како што се ситуацијата на Блискиот исток и Северна Африка, вклучувајќи ги и судирите во Сирија, војната на Мали, нуклеарниот програм на Северна Кореја, како и случувањата во врска со состојбата на Косово, прашањата за борбата против тероризмот и кипарскиот проблем.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија