Бан Ки-мун: Треба повеќе да се направи за решавање на кризата со мигрантите

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска апелираше до земјите во Европа и во светот да покажат солидарност и да вложат поголеми напори за решавање на кризата со мигрантите.

Бан во своето обраќање во француското Министерство за надворешни работи истакна дека илјадници мигранти „преземаат опасно патешествие и не треба да се соочуваат со нови искушение по пристигнувањето“.

– Денес има поголем број раселени луѓе отколку што имало некогаш по Втората светска војна. Во Сирија и од други места милиони луѓе бегаат од насилството и прогонот. Други се обидуваат да избегаат од сиромаштијата и бараат начини да живеат достоен живот, истакна Бан.

Тој наведе и дека треба да се поведе борба против илегалната трговија со луѓе и дискриминацијата, да се изнајдат правни решенија и да се заштитат човековите права.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто