Бан Ки-мун се извини за улогата на ОН во епидемијата на колера на Хаити

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се извини за улогата на организацијата во ширењето на епидемијата на колера на Хаити во 2010 година во која живот загубија илјадиници луѓе.

– Му се извинуваме на народот на Хаити. Не направивме доволно што се однесува до епидемијата на колера и спречување на нејзиното ширење на Хаити. Длабоко жалиме за нашата улога, изјави Бан.

Според независни експерти, епидемијата беше предизвикана од непалски „сини шлемови“ од мисијата на ОН кои отпад фрлале во река.

И покрај извинувањето, ОН останува на ставот дека не сноси правна одговорност за тој случај.

– Не сме ја промениле правната позиција за тој случај, изјави Јан Елиасон, заменик генерален секретар на ОН.

Бан претстави план за финансиска помош на семејствата на жртвите од епидемијата и подобра борба со болеста од која се заразија 800.000 луѓе од кои животот го загубија над 9.300 луѓе од 2010 година досега.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски