Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун денеска ја осуди „се порестриктивната“ политика кон бегалците во Европа.
– Загрижени сме што европските држави сега усвојуваат се порестриктивни политики кон имиграцијата и бегалците. Таквата политика негативно влијае врз обврските на земјите-членки кон меѓународното хуманитарно и европско право, истакна Бан во говорот во австрискиот Парламент.
Изјавата на Бан е еден ден откако австрискиот Парламент усвои ригорозен закон за азил, со кој им се овозможува азил само на одредено време.
Во исто време се прошируваат можностите за притворање до 14 дена на мигрантите за кои е планирано протерување.