Бан: Итно да се спречат провокациите на Северна Кореја

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска оцени дека тензиите на Корејскиот Полуостров никогаш не биле толку големи и го повика Советот за безбедност на ОН да преземе итни чекори за спречување „провокативни акции“ на Северна Кореја.

На денешната прес – конференција тој истакна дека американската амбасдорка во ОН Саманта Пауел веќе почнала да работи на нова резолуција на ОН со клучните членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Кина.

Според него, неопходно е СБ да биде единствен и да покаже цврста решителност и посветеност, а не да губи време во испраќање силни пораки до Северна Кореја дека нејзините  нуклеарни тестови и лансирање на балистички ракети се неприфатливи и оти мораат да престанат.

Како што додаде Бан, Советот за безбедност на ОН оваа година осум пати се состанал за да разговара за Северна Кореја, што ја покажува сериозноста и тежината на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он