Бакингамската Палата демантира дека кралицата поддржува „Брекзит“

Од:

Бакингамската Палата, службената резиденција на британскарта кралица Елизабета, ги демантираше тврдењата на лондонски „Сан“ дека таа се определила околу прашањето за останување или за заминување од ЕУ, подржувајќи ја опцијата за „Брекзит“.

Во официјално соопштение, што резиденцијата го издаде денеска, се вели дека кралицата останува „политички неутрална“ во врска со претстојниот референдум околу идниот британски статус во Унијата, не определувајќи се за ниту една од двете понудени опции.

Таблоидот „Сан“ своето тврдење за „политичката определеност“ на кралицата го гради врз два свои анонимни извори што ги опишува како „сведоци“ на еден разговор што таа го имала во 2011 година со тогашниот британски заменик-премиер Ник Клег.

Според весникот, кралицата Елизабета му рекла на Клег дека „ЕУ се движи во погрешна насока“.

Весникот уште тврди дека во една друга прилика „пред неколку години“ на средба со британски пратеници, кралицата рекла оти „не ја разбира ЕУ“, од што „Сан“ извлекува заклучок за нејзината политичка определеност во врска со европското прашање.

Бакингамската Палата го отфрла тврдењето на весникот, нагласувајќи дека не сака да коментира „анонимни и лажни“ тврдења.

Либералдемократот Клег, кој е силен застапник за останувањето на Велика Британија во Унијата, изјави дека пишувањето на „Сан“ е обична „бесмислица“.

Редакцијата на најтиражниот британски весник објаснува дека тие немало да го објават написот, доколку немале две тврдења за една иста работа, но и забележуваат дека јавноста има право да знае што мисли кралицата, иако ја прифаќаат и ја поддржуваат нејзината политичка неутралност.

Аналитичарите во Лондон оценуваат дека овој „инцидент“ е само дел од се позасилената кампања пред референдумското изјаснување на 23 јуни, во која се настојува да се вклучи и кралицата.

Весникот „Сан“, сопственост на медиумскиот тајкун Руперт Мардок, важи за евроскептичен, но тој не настапува од антиевропски и анти-ЕУ позиции, како што тоа го прави „Дејли Експрес“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он