Бајден води во „колебливиот“ Висконсин по преброени 99 отсто од гласовите

Од:

По преброените 99 проценти од гласовите во американската сојузна држава Висконсин, демократскиот кандидат Џо Бајден има сосема мала предност од околу 20.000 гласови пред својот противкандидат, актуелниот претседател Доналд Трамп, пренесе Би-Би-Си.

И покрај малата предност на кандидатот на Демократската партија резултатот е претесен за да се предвиди кој ќе победи во оваа држава.

Во 2016 година Трамп токму во оваа сојузна држава ја победи Хилари Клинтон со помалку од 30.000 гласови, што беше големо изненадување.

Висконсин важи за една од „колебливите“ држави, па затоа може да биде клучна во одредувањето на победникот на изборите.

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Бајден заплака во Ирска

На американскиот претседател му бил дијагностициран рак, канцерогеното ткиво отстрането