Поддршката на САД за Украина е се уште силна, истакна американскиот претседател Џо Бајден во разговорот со неговиот полски колега Анджеј Дуда во Варшава.
„Можам со гордост да кажам дека нашата поддршка за Украина е непоколеблива“, рече американскиот претседател.
Тој исто така нагласи дека Организацијата на Северноатлантскиот договор е „посилна од кога било“, пред првата годишнина од избувнувањето на војната во Украина.
„Една година подоцна, би рекол дека НАТО е посилен од кога било“, нагласи Бајден.
Тој истакна дека е „навистина извонредно“ каква поддршка им дала Полска на Украина и на Украинците.
Посетата на Бајден на Полска е важен знак за посветеноста на САД за зачувување на безбедноста во Европа, изјави полскиот претседател Дуда.
„Вашата посета е важен знак за безбедност, знак на американската одговорност за безбедноста на светот и Европа. Америка може да го зачува светскиот поредок“, рече Дуда на средбата со Бајден.
Во вторникот Бајден ја започна посетата на Полска, каде попладнето треба да одржи говор во Варшава. Во среда, тој треба да се сретне со шефовите на држави и влади на деветте земји од источното крило на НАТО во полскиот главен град.