Бајден во Киев најави испраќање оружје во вредност од 500 милиони долари во Украина

Од:

Денеска, за време на ненадејната посета на Киев, претседателот Џо Бајден најави нов пакет помош за Украина во вредност од половина милијарда долари. Обраќајќи им се на новинарите заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој најави дека пакетот ќе вклучува воена опрема – артилериска муниција, хаубици и рачни противтенковски ракети Javelin.

Во својот говор Бајден зборуваше за издржливоста на украинската армија во моментот кога војната влегува во втората година:

„Една година подоцна, Киев е сè уште тука. Украина е сè уште тука. Демократијата сè уште е таму“, рече Бајден.

Американскиот претседател се сретна со украинскиот претседател Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленски во претседателската резиденција во главниот град на Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната