Бајден утре ќе нареди задолжителна вакцинација за сите вработени во сојузните органи

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден се очекува во четврток да нареди задолжителна вакцинација за сите вработени во федералната влада, пишува Вашингтон пост.

Покрај обврзната вакцинација, претседателот може да даде наредба за потврда за вакцинација при влез во државните објекти и за патувања меѓу државите.

„Широко наметнатите мерки за вакцинација би ги притиснале властите и приватниот сектор да воведат пасоши за вакцинација, по примерот на многу држави во Европа“, пишува весникот.

Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) синоќа препорачаа повторно носење маски во затворени простории во државите каде коронавирусот од новиот поотпорен Делта сој се шири поради малиот број целосно вакцинирани.

Најниска стапка на вакцинација во САД има во Алабама, каде само 34.1 отсто од возрасните се целосно вакцинирани, потоа во Мисисипи (34.2 отсто целосно вакцинирани), Вајоминг (36.4 отсто), Арканзас (36 отсто). Во уште неколку држави од Југот и средниот Запад како Луизиана, Џорџија или Ајдахо, стапката на вакцинација е пониска од 40 отсто.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД