Бајден уште два месеца нема да прима странски државници во Белата куќа

Од:

Од почетокот на својот мандат, на 20 јануари, американскиот претседател, Џо Бајден, досега имаше неколку телефонски разговори со неговите колеги ширум светот, но тој засега не планира директни состаноци со нив пред средината на април, соопшти денеска Белата куќа.

-Ќе поминат два месеци пред претседателот да покани странски лидер на состанок во Белата куќа, рече денеска неговата портпаролка Џен Псаки, додавајќи дека тоа не го спречува да има видео состаноци.

Според неа, ограничувањата се неопходни поради пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп