Бајден тврди дека победил во Висконсин и оти ќе ги собере 270-те електорски гласови за победа

Од:

Менаџерот на изборниот штаб на Џо Бајден изјави дека верува оти демократскиот кандидат е на пат да победи на изборите и тврди дека тој веќе ја однел победата во Висконсин.

Тој рече дека Бајден ќе има над 270 изборни гласови до крајот на денот, колку што е потребно за да победи, но и дека ако сега се запре со пребројувањето на гласови (како што бараат републиканците), тој победува.

Според штабот на Бајден, тој ќе победи во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија поубедливо од републиканскиот кандидат и сегашен претседател во 2016 година.

Според изборниот штаб, се очекува дека Бајден ќе има мнозинство гласови и во Невада.

Според него, броењето на резултатите во Мичиген и Џорџија се очекува да заврши денеска, а во Невада и Мичиген до утре (по локално време).

Се додава дека на гласовите од Северна Каролина може да се чека уште неколку дена.

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Бајден заплака во Ирска

На американскиот претседател му бил дијагностициран рак, канцерогеното ткиво отстрането