Бајден става потпис на еден од најзначајните закони за борба со климатските промени

Од:

Претседателот на САД Џо Бајден денеска треба да го одобри нацрт-законот за климатски промени и здравствена заштита предложен од демократите.

Легислативата вклучува една од најзначајните федерални инвестиции во историјата на борбата против климатските промени во висина од околу 375 милијарди долари до крајот на оваа деценија.

Исто така, законот предвидува намалени трошоци за лекови добиени со рецепт до 2.000 долари годишно за корисниците на Медикеар. Законот предвидува околу 13 милиони Американци да добијат исплати за здравствено осигурување со продолжување на субвенциите обезбедени за време на пандемијата на коронавирус.

Легислативата се финансира од новите даноци на големите компании.

Претставничкиот дом во петокот ја одобри мерката со 220 наспроти 207 гласа.

Таа помина во Сенатот неколку дена порано, а гласот на потпретседателката Камала Харис (потпретседателот на САД има мандат и на претседател на Сенатот), го пресече резултатот од 50-50.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва