Бајден: САД воено ќе интервенираат во случај на кинеска инвазија врз Тајван

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио предупреди дека САД „воено ќе го бранат Тајван доколку Пекинг го нападне овој автономен остров“, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасноста“.

-Тоа е обврска што ја презедовме, рече Бајден на прашање на новинарите дали САД ќе интервенираат воено против обидите на Кина да ја заземе територијата насилно.

„Се согласивме со политиката на една Кина, ја потпишавме… но идејата дека (Тајван) може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна“, кажа Бајден.

Тој додаде дека таквиот чекор „ќе го наруши целиот регион и ќе биде уште една акција слична на она што се случи во Украина“.

Според него, по руската инвазија на Украина, се зголемува потребата да се заштити овој остров.

Согласно политиката „На една Кина“, САД го признаваат Пекинг како влада на Тајван и немаат дипломатски односи со Тајпеј. Меѓутоа, тие одржуваат неформални контакти, вклучувајќи ја и „де факто“ амбасадата во главниот град Тајпеј, а обезбедуваат и воена опрема за одбраната на Тајван.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“