Бајден: САД до лето може да имаат колективен имунитет

Од:

САД до лето ќе бидат на добар пат да постигнат колективен имунитет, бидејќи новиот владин план е секој ден да се вакцинираат 1,5 милиона граѓани, денеска изјави американскиот претседател, Џозеф Бајден.

Дистрибуцијата на вакцините до милиони Американци, споре него, „ќе биде логистички предизвик што надминува се што досега е испробано во САД“, пренесе Индипендент.

-Мислам дека можеме да го сториме тоа. Уверен сум дека до летото ќе бидеме на добар пат да добиеме колективен имунитет или да вакцинираме 300 милиони Американци, рече Бајден.

Американскиот претседател е убеден дека САД можат да го поразат коронавирусот, но дека со вирусот ќе мора да се носат до почетокот на есента.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа