Бајден претседателската заклетва ќе ја полага пред Капитол

Од:

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, и потпретседателката Камала Харис на 20 јануари заклетвата ќе ја полагаат пред зградата на Капитол, соопшти денеска неговиот комитет за инаугурација.

Планерите на инаугурацијата на Бајден се обидуваат во организацијата на настанот да ги усогласат традиционалната церемонија и почитувањето на безбедносните мерки заради епидемијата на коронавирусот.

Изборниот колеџ ноќеска ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори во САД, а инаугурацијата е закажана за 20 јануари.

Тимот на Бајден откри неколку детали, но се уште не е познато дали претседателот на заминување Доналд Трамп ќе учествува на церемонијата, пренесуваат американските медиуми.

По заклетвата, Бајден ќе одржи инаугуративен говор во кој ќе ја претстави својата визија за борбата против вирусот и другите важни пораки за неговиот четиригодишен мандат.

Би можело да ве интересира

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа