Американскиот претседател Џо Бајден одобри 200 милиони долари во оружје и друга помош за Украина, соопшти Белата куќа.
Во меморандум до државниот секретар Ентони Блинкен, Бајден наложил средствата да се распределат преку Законот за странска помош и да се наменат за одбрана на Украина, пренесува Ројтерс.
Новите средства може да се користат за оружје, одбранбени средства од Министерството за одбрана и за воено образование и обука.