Бајден му честиташе на Нетанјаху за враќањето на власт во Израел

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска му честиташе на Бенјамин Нетанјаху за неговото враќање на власт во Израел, соопшти Белата куќа.

Бајден го нарече Нетанјаху децениски пријател.

– САД ќе продолжат да го поддржуваат решението за две држави (на израелско-палестинскиот конфликт) и ќе се спротивстават на политиките што ја загрозуваат одржливоста или се спротивни на нашите заеднички интереси и вредности, рече Бајден во соопштението на Белата куќа.

Нетанјаху, лидерот на конзервативната партија Ликуд, денеска се врати на власт во Израел по една и пол година пауза во опозиција.

Ликуд на Нетанјаху, заедно со своите сојузници, партиите на ултраортодоксните Евреи и ултрадесничарите, победија на парламентарните избори на 1 ноември, а денеска тој ги претстави своите министри пред пратениците во израелскиот Парламент (Кнесет).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев