Бајден ќе работи на укинување на смртната казна во САД

Од:

Избраниот претседател на САД Џо Бајден е против смртната казна и ќе работи на нејзино укинување, изјави денеска неговиот портпарол, додека Министерството за правда закажа уште три федерални егзекуции пред инаугурацијата на 20 јануари.

Затворското биро ја изврши осмата федерална егзекуција оваа година, по пауза од 17 години, и веројатно ќе го зголеми притисокот врз Бајден да одлучи дали неговата администрација ќе продолжи да закажува егзекуции по заклетвата.

Поддржувачите на укинување на смртната казна ја повикаа администрацијата на Доналд Трамп да ги суспендира сите егзекуции се додека Бајден не ја преземе функцијата.

– Бајден се противи на смртната казна, сега и во иднина, рече секретарот за печатот Т.J Дакло, но не наведе дали егзекуциите ќе бидат запрени веднаш откако Бајден ќе ја преземе функцијата.

Оваа година, Министерството за правда одобри егзекуција на повеќе луѓе отколку во претходниот половина век, и покрај тоа што смртната казна што ја изгуби јавната поддршка и од демократите и од републиканците.

Синоќа Министерството најави извршување на најстрогата казна за Алфред Буржоа на 11 декември, и Кори Џонсон и Дастин Хигс на 14 и 15 јануари.

За оваа година се закажани уште две егзекуции, вклучително и првата жена погубена во околу шест децении, но во четвртокот федерален судија донесе одлука дека погубувањето не може да се случи пред крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва