Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, го нарече скандалозно барањето на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд за налозите за апсење на израелските лидери.

Тој додаде дека меѓу Израел и Хамас „нема знак на еднаквост“.

„И ќе бидам јасен, што и да инсинуира тој обвинител, нема никаков знак за еднаквост меѓу Израел и Хамас, никаков“, рече Бајден.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен објави дека САД го отфрлаат барањето на Меѓународниот суд на правдата за налог за апсење на израелските функционери и лидерите на Хамас.

„Ние исто така го отфрламе изедначувањето на Израел со Хамас од страна на обвинителот“, рече Блинкен, истакнувајќи дека одлуката на Судот за апсењата може да ги загрози напорите за воспоставување примирје, ослободување заложници и зголемување на хуманитарната помош за Газа.

Се огласи и американскиот министер за одбрана Остин Лојд, кој рече дека сака Израел да изврши попрецизни удари за да предизвика помала штета на инфраструктурата на Појасот Газа.

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, побара од судиите на МКС да ги одобрат налозите за апсење на тројца лидери на Хамас и двајца израелски лидери за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на седуммесечната војна во Газа, објави денеска веб-страницата на судот.

Во објаснувањето на барањето за одобрување на налогот за апсење, Кан наведува дека, врз основа на доказите собрани и анализирани од неговата Канцеларија, постојат разумни основи да се верува дека Јахја Синвар (лидерот на движењето Хамас во Појасот Газа), Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри, попознат како Деиф – командант на вооруженото крило на Хамас, таканаречената Бригада Ал-Касам и политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије се кривично одговорни за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на територијата на Израел и државата Палестина од најмалку 7 октомври 2023 година, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант од 8 октомври.

Би можело да ве интересира

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

Тројца уапсени откако беа испукани ракети во резиденцијата на Нетанјаху

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски