Бајден избира меѓу Камала Харис и Сузан Рајс за негов потпретседател на САД

Од:

Блиски соработници на Џо Бајден сметаат дека неговиот избор за потпретседател на САД се ограничил до имињата на Камала Харис и Сузан Рајс, и дека би било изненадување ако тој избере некој друг, јави денеска Аксиос. 

Кампањата на Бајден, речиси сигурен претседателски кандидат на Демократската партија за изборитев во ноември, е ставена во методолошка рамка, се завршува со ветингот, се гледаат интерните анкетни резултати за потенцијалните кандидати, и се прават интервјуа со нив во четири очи, велат извори за сајтот. 

Сенатор Камала Харис, потенцијален кандидат за потпретседател на САД од Демократската партија

Камала Харис е демократска членка на Сенатот од Калифорнија, која учествуваше во трката за номинација претседателски кандидат. Сузан Рајс пак, е поранешна амбасадорка на САД во ОН, а од 2009 до 2013 година работела како советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама. 

Сузан Рајс, поранешен советник за национална безбедност и потенцијален кандидат за потпретседател на САД од Демократската партија

На трето место за можен партнер на Бајден е конгресменката од Калифорнија, Карен Бас, која имала привлечен ден на ТВ настапите во неделата, откако се дознало за нејзините погледи кон Куба и скиентологијата, јави Aксиос.

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Бајден заплака во Ирска

На американскиот претседател му бил дијагностициран рак, канцерогеното ткиво отстрането