Бајден испраќа делегација од поранешни високи претставници во Тајван

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Тајван ќе испрати делегација од поранешни високи претставници на одбраната и безбедноста, изјави висок функционер на неговата администрација. Американски медиуми јавуваат дека тоа е знак на поддршка за островот по руската инвазија на Украина.

Посетата, предводена од некогашниот претседател на Здружениот Генералштаб Мајк Мулен, доаѓа во време кога Тајван го засили нивото на тревога.

Пекинг тврди дека островот со демократско управување е негов и вети дека ќе го стави под кинеска контрола, доколку е потребно и со сила.

Мулен, пензиониран адмирал на морнарицата, кој служеше како врвен американски воен офицер за време на поранешните претседатели Џорџ В. Буш и Барак Обама, ќе биде придружуван од Меган О’Саливан, поранешен заменик советник за национална безбедност на Буш и Мишел Флорној, поранешен потсекретар во одбраната под Обама, јавија американски медиуми цитирајќи извор од администрацијата на Бајден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени