Бајден и Си денеска телефонски ќе разговараат за ситуацијата во Украина

Од:

Претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг, денеска телефонски ќе разговараат за ситуацијата во Украина. Како што пренесуваат медиуми, се очекува разговорот да биде „напнат“.

Медиумите потсетуваат дека Вашингтон веќе им се закани на пониски кинески владини претставници, приватно и јавно, доколку се даде поголема поддршка за Русија, тоа ќе значи ризик од изолација на Пекинг.

Како што вчера изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, претседателот Бајден „јасно ќе каже дека Кина ќе сноси одговорност за сите дејства што ќе ги преземе, за да ја поддржи руската агресија, а ние нема да се двоумиме да наметнеме трошоци“.

САД се загрижени дека Кина размислува за директна помош на Русија, со воена опрема за користење во Украина. Кина ова го негира. Друга работа, што го загрижува Вашингтон, е тоа дека Кина би можела да ѝ помогне на Русија во заобиколување на економските санкции, наметнати од западните земји, поради инвазијата на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск